Поврат на средства

Услови за враќање на купениот производ

Ако поради некоја причина клиентот посочил друг производ од оној кој сакал да го порача, и до самото испраќање на порачката не ја увидел грешката, може да се јави во канцелариите на Икс Телеком Дооел, за да се консултира како ќе се продолжи со испораката. Секој случај се разгледува индивидуално. Трошоците за враќање на производ и испраќање на нов се на сметка на клиентот. Ако новата порачка е поскапа, се доплаќа разликата.

Во случај клиентот да сака да врати испратен производ, може да го искористи правото во рок од 7 работни дена од датата на продажбата. Задолжителен услов е купените производи да се без оштетена амбалажа и да не се користени. Производот може да биде вратен во Икс Телеком преку доставувачот со кој има склучен договор. Транспортните трошоци се на сметка на клиентот и не се враќаат. Откако вратениот производ ќе се провери од вработените во Икс Телеком, вредноста што е платена за производот без транспортните трошоци се враќа на клиентот – лично или на банкарската сметка на клиентот. Секој клиент може да го користи правото производот да му биде заменет со друг производ по избор.

Трошоците за враќањето на производите се на сметка на клиентот и не се враќаат.

Во случај на враќање на веќе купен производ и зачувување на целоста на амбалажата, Икс Телеком ја враќа сумата на вредноста на производот. Сите трошоци, кои клиентот ги направил за добивањето и враќањето на производот, се на негова сметка.

Откажување на нарачка

Клиентот има право да ја откаже нарачката на производ при еден од овие услови:

  • Испратениот производ не е соодветен на порачаниот производ, и тоа може да се установи преку обична проверка.
  • Цената, која клиентот се согласил да ја плати, не соодветствува на цената која ја должи.
  • При несоодветност на купениот производ и испратениот производ, која не било возможно да се установи во моментот на испорака, клиентот може да бара испорачаниот производ да биде заменет со производот кој го порачал во рок од 24 часа од добивањето на пратката.
  • Клиентот има право, без да плаќа оштета, да се откаже од добиениот производ во рок од 7 работни денови, од денот на добивањето на пратката. Во тој случај клиентот треба да го врати производот во оригиналната амбалажа, со ненарушена целосност и некористен. При неисполнување на овие услови Икс Телеком го задржува правото да не го прима вратениот производ и соодветно да не ги исплати направените трошоци за купување од страна на клиентот.
  • Во случај на откажување на веќе купен производ и исполнување на условите за целосност на производот, Икс Телеком ја враќа сумата на вредноста на производот. Сите трошоци, кои клиентот ги направил за добивање на производот и неговото враќање, се на негова сметка.
  • Ако трето лице се ангажира да го прими и потврди производот порачан од клиент, кој ја направил и платил нарачката, истото нема право да го врати производот. Во случај на видливо оштетување на пратката во моментот на нејзиното испорачување, третата страна може да го откаже подигнувањето на пратката или да ја земе на своја одговорност. Во случај да прифати таква пратка и не ги изјави своите намери кон таква пратка пред доставувачот, клиентот го губи правото на рекламација.